ромак | м.

Болно, обично криво животно кое дома се храни и се пои.

роман | м.

Поголемо литературно дело, обично во проза, со сложено сиже и повеќе ликови. Психолошки роман. Научно-фантастичен роман. Љубовен роман. Криминален роман.

романеска | ж.

Вид основен мелодиски образец на некое дело.

романескен | прид.

Што се однесува на романеска, распеан, возбудлив.

романизам | м.

Збор или друг јазичен елемент преземен од романските јазици во друг јазик.

романизација 1 | ж.

Наметнување власт, култура, начин на живот и сл. од страна на Римската Империја. Романизација на покорените народи.

романизира 1 | св. и несв.

Наметне, наметнува некого или нешто да ги усвои основните елементни на културата на Римската Империја во областите на покорените народи.

романизира 2 | св. и несв.

Романија | ж.

Држава во Европа.