романтика | ж.

Поетско настроение, занес. Помина времето на младоста и на романтиката.

романтичар | м.

Следбеник на романтизмот. Тој беше повеќе реалист, отколку романтичар.

романтичен | прид.

Што се однесува на романти Романтична поема. Револуционерни песни со романтичен пиетет.

ромб | м.

Кос четириаголник со еднакви страни и без прави агли.

ромбичен | прид.

Што е во форма на ромб. Ромбичен орнамент.

ромбовиден | прид.

Што е во вид на ромб, ромбичен.

ромбоид | м.

Кос четириаголник со две еднакви и две паралелни страни.

ромбоиден | прид.

Што се однесува на ромбоид. Ромбоидни форми.

Ромејско Царство | ср.

Официјално име на средновековната држава позната како Византија.