романист | м.

Специјалист по романистика. Студент по романска филологија.

романистика | ж.

Наука што ги изучува романските јазици и култури; романска филологија.

романистички | прид.

Што се однесува на романист и на романистика.

романса | ж.

(муз.) Мало вокално дело, обично со лирска содржина. Пееше убаво руски романси во придружба на гитара.

романсиер | м.

Писател, автор на романи. Тој беше драмски писател и романсиер.

романсира | св. и несв.

Обработи, обработува, обично биографија, како роман. Тој ја романсира неговата биографија.

романски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на народите што говорат на јазиците коишто потекнуваат од народниот латински јазик. Романски јазици. Романска филологија. Романска култура. Романски стил во архитектурата.

романтизам | и.

Правец во литературата и во уметноста од крајот на 18 и во почетокот на 19 век, во кој доаѓаат до израз бујните субјективни чувства, индивидуализмот, култот кон природата и интересот за националните јазици и за народната традиција. Епоха на романтизмот.

романтизира | св. и несв.

Прикаже, прикажува, опише, опишува во романтичен дух.