ромобил | м.

Детско возило со две тркалца; тротинет.

ромоли | несв.

ромон | м.

Едноличен шум што се слуша кога ромони нешто (дожд, река, шума и сл.). Сал ромонот на дождот ја нарушува тишината. Уште го слушам ромонот на селската чешма.

ромони | несв.

Издава ромон, шуми тивко, еднолично, монотоно; жубори. Ромони ситен есенски дожд.

ромонлив | прид.

Што ромони, што издава глас на ромонење.

ромори | несв.

ронатица | ж.

Земја што се рони, обично на стрмно место, покрај брег и сл.

роначка | ж.

Машина за ронење.