рубинен | прид.
Што се однесува на рубин; што има боја на рубин. Рубинен одблесок.
рубинов | прид.
рубински | прид.
рубија | ж.
Стара ситна златна монета.
рубрика | ж.
Постојан оддел во весник, во списание и сл. Неделна рубрика. Културна рубрика. Тој е уредник на рубриката.
рубља | ж.
Основна парична единица во Русија.
рувет | м.
руво | ср.
Облека, обично горна, носија. Невестинско руво. Војничко руво. Ново руво. Празнично руво.
руга | несв.
Вика на некого, кара. Господарот го руга секој ден. Мајката го руга непослушното дете.
руга | ж.
Заработувачка за определено време на слуга во селско домаќинство или на селски слуга. Му ја плати ругата. Прво соберете ја ругата, за едно говедо еден осмак, па потоа клавајте нов говедар.