ругузина | ж.
руд 1 | прид.
Обично за коса, волна и сл. ‒ што е со кадрави, долги и извиткани влакна. Рудо јагне. Руда глава. Руди овни.
руд 2 | прид.
Што е со црвена боја.
руда 1 | ж.
Минерал што содржи метали или нивни соединенија. Железна руда. Бакарна руда. Оловна руда.
руда 2 | ж.
Дрвениот лост на предната страна на запрежна кола во кој се впрегаат коњите и воловите. Седна на рудата до коњот. Коњот беше впрегнат од левата страна на рудата.
рудар | м.
Лице што копа и преработува руда. Првата смена рудари влезе во рудникот.
рударство | ср.
Стопанска гранка што се занимава со ископување и преработка на руда. Месното население се занимавало со рударство.
рудее (се) | несв.
Станува румен, црвеникав. Зората рудее. Рудеат првите сончеви зраци.
руден | прид.
Што се однесува на руда1. Рудно богатство. Рудни наоѓалишта. Рудна жица. Рудни наслаги.
руди | несв.