'ртлив | прид.

Што може да 'рти. 'Ртливи зрна.

'ртливост | ж.

Биолошко својство, способност на семето да 'рти. 'Ртливоста се изразува со процент на 'ртливи зрна во определена мера семенски материјал. Семе со висок процент на 'ртливост.

'ртулец | м.

(бот.) Израсток на растение на самиот почеток на развитокот на новото растение. Нежни 'ртулци на пченица.

Руанда | ж.

Држава во Африка.

руба | ж.

Облека, алишта. Девојката била облечена во машка руба. Комитска руба. Облекла калуѓерска руба. Чиста руба. Зетовска руба.

рубашка | ж.

Долга машка руска кошула, дел од народна носија.

рубајлија | прид.

Мома, невеста што има многу руба, многу чеиз

рубеола | ж.

Заразна болест што се јавува најчесто кај децата, вид сипаници со црвени печати по телото.

рубиичка | ж.

Летно цвеќе со бели цветови; маргаритка; Leucanthemum vulgare.

рубин | м.

Вид скапоцен камен со црвена боја. Прстен со рубин.