рудимент | м.
Основа, почеток, почетен стадиум. Фолклорен рудимент.
рудиментарен | прид.
Што е ембрионален, основен, почетен. Рудиментарен облик. Едноставен, рудиментарен вајарски израз.
рудиментација | ж.
Заостанатост во развитокот, спеченост.
рудина | ж.
Планинска полјана. Рамна рудина. Стоката се растури да пасе по рудината.
рудица | ж.
Руда овца, овца со кадрава волна.
рудник | м.
Место каде што се врши ископ на руда. Рудник на јаглен. Рудник на железо.
рудокоп | м.
рудоносен | прид.
Што има лежишта, резерви на руда.
руен | прид.
Најчесто како епитет на вино ‒ црвен; убаво, црвено, бистро. Рујно вино.
ружа | ж.
а) Украсно растение во форма на грмушка, со голем број видови, со трње и со убави цветови во разни бои, со збирен плод во форма на шипинка; роза, трендафил; Rosa. Ружа месечарка. Ружа јазачица. б) Цветот од ова растение. Скина една црвена ружа. Букет ружи. в) Украс, орнамент, везбен мотив и сл. во вид на ова растение. Чаршаф со везени ружи.