ружа | несв.
Обично за коњ ‒ спрема, токми, дотерува. Коња ружа, солзи рони.
ружест | прид.
Што има форма на ружа.
ружин | прид.
Што е подготвен од ружа, што се добива од ружа. Ружина вода. Ружино масло. Ружино дрво.
ружица | ж.
Дем. и хип. од ружа.
ружје | ср.
Традиционален накит кон народна носија.
рузмарин | м.
Вид средоземноморско растение со кожести лисје и ситен син цвет од кој се добива етерично масло; Rosmarinus officinalis.
руина | ж.
Остаток од тоа што пропаднало, што се урнало, што се растурило; урнатина. По бомбардирањето, од градот останаа само руини.
руинира | св. и несв.
Урне, урива нешто, сруши, руши.
рулек | м.
Мало дете, пеленаче, бебе. Невести со рулци на рацете
рулет | м.
Коцкарска направа, кружна направа со бројки на неа што се врти. Фрлаа коцки и вртеа рулет. Рулетот и натаму непрекинато се врти.