рум | м.

Вид жесток пијалак што се добива со дестилација на превриена меласа од шеќерна трска. Шише рум. Чај со рум.

румба | ж.

Вид танц; музика за таков танц. Оркестарот свиреше румба.

румен | прид.

За лице, образи и сл. ‒ што е со руменина. Усни румени. Детенце со румени обравчиња.

руменее (се) | несв.

Станува румен, се покрива со руменина. Од срам девојченцето се руменееше пред гостите. Образите ѝ руменееја пред него. Кога е збунета, таа руменее.

руменикав | прид.

Што има боја блиску до румената. Руменикаво сонце.

руменило | ср.

Румена боја, обично, на лице, на усни и сл. Руменило на усните. Благо руменило ѝ ги обли образите. Лицето му го покри нездраво руменило.

руменина | ж.

руменило_1

руменкав | прид.

руменолик | прид.

Што е румен, што има румено лице. Руменолика девојка.

руна | ж.

Стари писмени знаци на северните германски племиња, најчесто на Скандинавците. Зборот руна е од готско потекло и означува тоа што се крие, што е тајна.