рунолист | м.
Повеќегодишна планинска билка со бели цветови во форма на ѕвезда со густи влакненца по стеблото и по листовите; еделвајс; Leontopodium alpinum.
рунски 1 | прид.
Што се однесува на руно. Рунска волна.
рунски 2 | прид.
Што се однесува на руни. Рунско писмо.
рунтав | прид.
За животно ‒ што има долга и густа волна или козина. Рунтав пес. Рунтаво мече.
рупа | несв.
За добиток ‒ јаде раздробувајќи ја храната со шум. Магарето ги рупаше корите од лубеницата. Во темнината рупаше коњот.
рупија | ж.
Парична единица во Индија и во Пакистан и во некои други источни земји.
рупка | несв.
Тој рупка сливи во браздата. Магарето рупка трње во меѓата.
Рур | м.
Урбана област во Германија.
рурален | прид.
Селски, земјоделски; Рурална средина. Рурални елементи. Рурален развој.
рус | прид.
Што има коса, брада, мустаќи со светложолта боја. Руса мома. Русо момче. Млада руса жена со сини очи.