рунда | ж.
(спорт.) Во боксот ‒ определено време за еден дел од борбата. Нашиот боксер победи во втората рунда со нокаут.
рунест | прид.
Што има густо руно, што е обраснат со руно; рунтав. Рунесто стадо. Рунеста волна.
руно | ср.
Влакнест покривач на телото на овцата кој при стрижењето не се распаднува, туку се држи во една целина. Бело руно. Овчо руно.
рунолист | м.
Повеќегодишна планинска билка со бели цветови во форма на ѕвезда со густи влакненца по стеблото и по листовите; еделвајс; Leontopodium alpinum.
рунски 1 | прид.
Што се однесува на руно. Рунска волна.
рунски 2 | прид.
Што се однесува на руни. Рунско писмо.
рунтав | прид.
За животно ‒ што има долга и густа волна или козина. Рунтав пес. Рунтаво мече.
рупа | несв.
За добиток ‒ јаде раздробувајќи ја храната со шум. Магарето ги рупаше корите од лубеницата. Во темнината рупаше коњот.
рупија | ж.
Парична единица во Индија и во Пакистан и во некои други источни земји.
рупка | несв.
Тој рупка сливи во браздата. Магарето рупка трње во меѓата.