русизам | м.

Јазичен елемент, збор, израз преземен од рускиот јазик или настанат под влијание на рускиот јазик во некој друг јазик.

русист | м.

Специјалист по русистика.

русистика | ж.

Наука што го изучува рускиот јазик и култура.

русифицира | св. и несв.

Даде, дава руски карактер на нешто; внесе, внесува руски облежја (елементи) во јазикот, обичаите и др.

Русија | ж.

Држава во Европа и Азија.

руска | несв.

рускавица | ж.

Вид рано јаболко.

Русо | ср.

Главен град град на Доминика.

русобрад | прид.

Што има руса брада. Русобрад маж.