русокос | прид.
Што е со руса коса. Русокосо момче. Русокоса девојка.
русолик | прид.
Што е со светол лик. Русолик човек.
рустика | ж.
Ѕид од грубо делкан камен.
рустикален | прид.
Селски, рустичен. Рустикална куќа.
рустичен | прид.
Што се однесува на рустика; што е направен грубо, едноставено, без фина обработка; селски. Рустични елементи. Рустични садови од керамика.
рута | ж.
Крпа, партал, облека што е како партал;
рути | несв.
Крши, урива. Рутат сè пред нив.
рутина | ж.
Вештина во работењето стекната со искуство, со вежбање. Таа работа бара рутина. Уште нема рутина во работењето. Таму стекна рутина.
рутинер | м.
Човек што има рутина, извежбан, навикнат на нешто, опитен човек. Тој е политички рутинер. Тој се експонира како извонреден рутинер.
рутинерство | ср.
Особина, пројава, постапка на рутинер. Кога неговата комика е прочистена од познати ефекти, од шаблон и рутинерство, таа донесува нови тонови.