рутиниран | прид.

Што е извежбан, опитен, што има рутина. Од говорницата се чу рутинираниот глас на спикерот.

рутински | прид.

Што се прави по рутина, по вообичаен ред и постапки. Рутинска контрола. Рутинска воена вежба.

рутиште | ср.

Облека, руво. Бели бисери на зелени рутишта ‒ загатка со значење роса. Беше во градски рутишта.

руфет | м.

Облека; мода во облекувањето. Го поднови руфетот.

руча | св. и несв.

Изеде, јаде ручек. Аргатите седнаа да ручаат. Гостите ручаа пастрмка на скара. Секој петок тој руча посен грав.

ручек | м.

Оброк што се јаде напладне. Готви ручек секој ден. Ги викнаа сватовите на ручек. Свечен ручек.

ручка | несв.

Во детскиот говор ‒ јаде. Сега детето ќе ручка супа.

рушвет | м.

Бакшиш како поткуп, мито за завршена работа или што треба да се заврши. Не даде рушвет и молбата му беше одбиена.

рушветчилак | м.

Давање и примање поткуп.