рушветчија | м.
Оној што прима рушвет.
руши | несв.
Претвора во урнатини, разурнува, урива. Градежните работници ја рушеа старата зграда. Ураганот рушеше куќи, далноводи.
рушител | м.
Човек што руши, што урива, што уништува нешто. Рушителите на старата фабрика ја започнаа својата работа рано наутро.
руј 1 | м.
Разгранета грмушка чии листови наесен поцрвенуваат, се употребуваат за штавење; Rhus cotinus. Материјалот што се бојадисува се потопува во раствор од руј.
руј 2 | м.
Руменило. Рујот од зората се појави на исток.
'рчи | несв.
'рчка | несв.
Задева. Не 'рчкај го детето.
'рчпал | м.
Гранка, стап. Го акна со еден 'рчпал по грбот.
'ршум | м.
Викање, лутина, разбеснетост.
'рѓа | несв.
Станува покриен со 'рѓа; 'рѓосува