разжари | св.
Распали, разгори оган, направи жар. Тој го разжари огништето.
разжени | св.
Раскине брак на некого, разведе. Таа, со нејзиното мешање го разжени.
разжестен | прид.
а) Што е разлутен, гневен. Разжестен народ. б) Што изразува лутина, гнев. Разжестен поглед.
разжести (се) | св.
Се налути, се разлути, се разгневи. Сепак, по тие зборови, тој не се навреди, не се разжести. ‒ Слушај ваму, ‒ се разжести тој, ‒ кога не разбираш, седи си мадро и слушај.
разжешти (се) | св.
разжнее се | св.
Почне да жнее, жнее засилено, забрзано. Како сте се разжнеале, до пладне ќе бидете готови.
разжние се | св.
раззаби | св.
Широко отвори, рашири уста. Песот ја раззаби устата и фати да 'ржи.
раззборува се | св.
Почне многу да зборува. Учениците се раззборуваа на часот и никој никого не слушаше.
раззеленее (се) | св.