раззелени | св.
Стане зелен, прекрие со зеленило, позелени. Дрвјата раззеленија.
разземе | св.
Изнакупи набрзина, земе сè до последно, разграба, раздига. Производите што беа на попуст веднаш ги разземаа.
раззине | св.
Широко отвори, рашири уста. Раззини ја устата да ти го видам грлото.
раззори (се) | св.
разѕвони (се) | св.
Почне да ѕвони; почне силно, долго да ѕвони. Телефонот се разѕвони уште рано наутро. Што си се разѕвонил толку, ќе го расипеш ѕвончето.
разѕида | св.
Разруши, растури нешто што е изѕидано. Кадата треба да се разѕида за да може да се отстрани.
разигра | св.
Натера некого или нешто да игра, направи некој да почне да игра. Убавата музика ги разигра сите присутни.
разигран | прид.
Глаголска придавка од разигра.
разискри | св.
Почне да прави, да фрла искри, разгори. Кога го расчепка, огнот разискри.
разјаде | св.
За црви, молци, термити и сл. ‒ изгризе, издупчи. Термитите го разјадоа дрвениот под на куќата. Летото молци му го разјадоа палтото.