раздува | св.
За ветар ‒ со дување разнесе нешто. Ветрот ја раздува сета прашина од улиците.
раздума се | св.
Размисли се. Вечерта се раздума за работата.
разединет | прид.
Што не е единствен, што не е обединет, здружен. Разединето општество. Разединето семејство.
разедини | св.
Раздели, оддели едно нешто од друго; издели нешто на составни делови. Толку цврсто се сраснати што не можеш да ги разединиш.
разедначи | св.
Направи, истакне разлика помеѓу слични нешта; оддели, раздели. Продавачот ја разедначи стоката со мал фелер од другата.
разен | прид.
Различен, нееднаков со другите. Таму ќе сретнеш разни луѓе, од разни краишта на светот. Патниците тргнаа во разни правци. Доселениците се од разно потекло.
разжаби | св.
За уста, нозе ‒ рашири преку мера. Ги разжаби нозете и ги опре рацете и така го задржа товарот.
разжала (се) | св.
разжали | св.
Предизвика жал, растажи некого. Разделбата со неа го разжали.
разжалости (се) | св.