размрси | св.

Разврзе, расплете, размота нешто замрсено; замрси. Taа го размрси конецот и го замота во клопче. Девојчето ја размрси косата и ја прибра.

размрсулави | св.

Почне да мрсулави. се ~ Стане мрсулав. Детето се размрсулави.

размуабети | св.

Занесе во разговор, замуабети, навлече во муабет, зазбори. Таа ги размуабети девојчињата.

размука се | св.

Почне силно или сè почесто да мука (за говеда). Воловите се размукаа.

размјаука се | св.

Почне многу да мјаука. Мачките се размјаукаа.

разнебитен | прид.

Што е непрепознатлив во споредба со претходните сопствени карактеристики, разрушен, растроен. Разнебитен глас. Разнебитени села. Разнебитено семејство.

разнебити | св.

Целосно уништи, разруши. Преселбите го разнебитија народот. Ваквите написи го разнебитија весникот.

разнебитувачки | прид.

Што може да разнебити, што разнебитува, уништувачки, сосипувачки, разрушувачки. Разнебитувачки реформи. Разнебитувачка преселба. Разнебитувачки процес.

разнежено | прил.

Нежно, мило. Шепотеше разнежено.

разнежи | св.

Направи да стане нежен, неотпорен, со слаб имунитет. Таа ги разнежи децата. Тој го разнежи девојчето. Богатството го разнежи момчето.