разнеможе се | св.
Стане немоќен, немошен, крајно истоштен и истрошен. Стариот се разнеможе последнава година. Маратонците се разнеможеа последните 5 километри.
разнервира | св.
Доведе некого во напната нервна состојба, многу изнервира. Нејзините постапки ги разнервираа другарите.
разнервирано | прил.
Многу нервозно, изнервирано. Зборува разнервирано.
разнесе | св.
Носејќи достави до мнозина, на различни места, раздаде нешто на присутни. Поштарот ги разнесе писмата. Студентите го разнесоа материјалот до сите.
разнесувач | м.
Службено или приватно лице што разнесува некаков материјал (покани, писма, храна, стока и сл.). Разнесувач на пица. Разнесувач на поштенски пратки.
разниже | св.
Одниже, оддене; извади, извлече нешто што било нанижано. Девојчето го разнижало ѓерданот. Тие ги разнижаа низите и го калапеа тутунот. Таа го разнижа бисерот.
разниша | св.
Направи нешто да почне да се ниша, да изгуби цврстина, стабилност. Ветрот ги разниша сувите гранки. Земјотресот ги разниша трошните куќи.
разнишан | прид.
Глаголска придавка од разниша.
разнишка | св.
разно | ср.
Точка на дневен ред, рубрика во весник, списание и сл. Ова прашање ќе го разгледаме во разно.