разобличувачки | прид.

Што прави нешто да се разобличи. Разобличувачки постапки.

разоглавен | прид.

Што е без оглав, ослободен од оглав. Разоглавен коњ.

разоглави | св.

Симне оглав од животно (за коњ). Момчето го разоглави коњот.

разоди се | св.

Се раздвижи со одење по долго седење. Таа добро се разоди.

разонода | ж.

Забава, задоволство во некоја активност за да се подобри расположението. Секому му треба малку разонода. Тоа го прави од разонода.

разоноди | св.

Одвлече некому мисли, развесели некого; причини некому задоволство. Тој ги разоноди присутните со своите весели досетки. Таа ги разоноди гостите.

разопина | несв.

разопита | св.

Праша, распраша, опита повеќе и повеќемина за нешто или за некого. Таа ги разопита соседите за момичето.

разопне | св.

Оптегне, затегне платно, мрежа и сл. Тој ја разопна воловската кожа да се суши. Морнарите ги разопнаа едрата и запловија.

разопули | св.

Отвори, опули очи ширум. Таа ги разопули очите.