разјаснител | м.
Тој што разјаснува.
разјаснителен | прид.
разјаснувачки | прид.
Што содржи објаснување, што служи за разјаснување. Разјаснувачки факти.
разјужи | св.
За време ‒ стане потопло, затопли. Наскоро времето сигурно ќе разјужи.
разјуначи се | св.
Покаже храброст, стане јунак; се охрабри. Момчето се разјуначи и остро му се спротивстави.
разјури | св.
(нар. поез.) Спотера. Си разјурил коња.
разљуби | св.
Престане да љуби, да сака некого или нешто; отсака. Таа го разљуби.
разџавка се | св.
Почне да џавка засилено, гласно. Кучињата се разџавкале по улицата.
разџагори се | св.
Почне да џагори засилено, многу гласно. Девојчињата се разџагориле, немаат срам.
разџвака се | св.
Почне да џвака засилено, гласно. Што сте се разџвакале така? Сите се разџвакале како да не виделе храна во својот живот.