ракиен | прид.
Што е за сместување, за чување ракија, за пиење ракија. Ракиено шише. Ракиена бочва. Ракиени чаши. Ракиени казани.
раки-сапун | м.
Име за тоалетен сапун во минатото носен од Исток.
ракита | ж.
Вид ниска врба со црвеникава кора; Salix purpurea. Крај реката нависнале ракити.
ракитак | м.
ракитен | прид.
ракитник | м.
Простор, место каде што има ракита, што е засаден или што е обраснато со ракита;
ракитов | прид.
Што е од ракита, што припаѓа на ракита. Ракитови гранки. Ракитова грмушка.
ракитовина | ж.
Ракитово дрво, ракитова гранка. Кошниците се направени од ракитовина.
ракија | ж.
Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија.
ракијада | ж.
Манифестација, настан, натпревар во правење подобра и поквалиетна ракија. Ракијада во Валандово.