ракета 1 | ж.
а) (воен.) Експлозивно тело со разорна моќ, проектил. Атомските ракети се свртени кон небото. Во подморницата има сто атомски ракети. Најновите ракети имаат силна разорна моќ. Ракета земја ‒ воздух. б) Вид граната што експлодира во воздух и дава светлина. Сигнална ракета. Светлосна ракета. Запалива ракета. Правеле огномет со ракети.
ракета 2 | ж.
Лопатка за играње пинг‒понг. Кинески ракети. Силен удар со ракетата кон левиот агол.
ракетар | м.
Аматер што се занимава со изработка на летала на реактивен погон. Најдобрите ракетари беа наградени.
ракетарство | ср.
Аматерска изработка на летала на реактивен погон. Натпревар по ракетарство.
ракетен | прид.
Што се однесува на ракета1. Ракетна техника. Ракетен систем. Ракетна рампа. Ракетен знак. Ракетен сигнал. Ракетни балони.
ракетира | св. и несв.
Исфрли, исфрла ракети, изврши, врши напад, гаѓање со ракети. Тие ракетираа неколку проектили. Секој час ракетираа по една сигнална ракета. Во утринските часови го ракетираа градот.
ракетодром | м.
Место уредено за полетување, за лансирање, за сместување и за одржување ракети и други слични летала на реактивен погон. Ракетодром за вселенски летови.
ракетоносач | м.
Брод и сл. што е носач на ракети.
ракетоплан | м.
Ракета што сообраќа како авион; шатл.
ракида | ж.