радиобран | м.
Електромагнетни бранови со определена должина коишто служат за безжично пренесување на сигнали.
радиовесник | м.
Весник, преглед на вести што се предаваат преку радио.
радиоврска | ж.
Телеграфска или телефонска врска помеѓу две оддалечени места преку радиостаници; апаратура за примање и засилување на радиосигнал.
радиограма | ж.
Вест пренесена преку радиотелеграф.
радиографија | ж.
Фотографирање со рендгенски и гама-зраци.
радиодифузија | ж.
Систематска распределба на работата и на мрежата на радиостаниците на определена територија.
радиодрама | ж.
Драма прилагодена за изведба преку радио. Тие ја слушаа попладневната радиодрама. Детска радиодрама.
радиоемисија | ж.
Пренесување на програма преку радио; програма емитувана на тој начин. Училишни радиоемисии.
радиокасетофон | м.
Радиоапарат со уред за репродуцирање на аудио касети.
радиокоментар | м.
Новинарски текст за определен актуелен настан што се предава преку радио.