рамно- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење ист, еднаков со некој друг или со нешто друго според означеното со вториот дел од сложенката (рамноправен, рамноделен, рамнозначен, рамнокрак, рамносилен).
рамноаголен | прид.
Што има еднакви, исти агли. Рамноаголен триаголник. Рамноаголен многуаголник.
рамноапостол | м.
Еднаков, ист, рамен со апостолите. Рамноапостолот Кирил. Рамноапостолите Кирил и Методиј.
рамновесие | ср.
рамноглав | прид.
Што е ист по височина со некого; токмоглав. Рамноглави деца.
рамногласен | прид.
Што има ист глас, во ист ритам, еднаков тоналитет без да се менува. Рамногласни звуци. Рамногласно пеење.
рамноденица | ж.
Време, деноноќие во годината кога денот и ноќта еднакво траат. Сите ритуали биле правени на рамнодениците. Есенска рамноденица. Пролетна рамноденица.
рамноденствие | ср.
рамнодневица | ж.
рамнодушен | прид.
Што е незаинтересиран, без интерес кон она што го опкружува. Рамнодушни ученици. Рамнодушни соседи. Рамнодушни слушатели.