рамнозначен | прид.

Што е еднаков, ист по значење; Рамнозначни изрази. Рамнозначни зборови. Рамнозначни термини.

рамнокрак | прид.

Што има еднакви, исти краци. Рамнокрак триаголник.

рамномерен | прид.

Што е постојан, еднаков, ист, одмерен во некаков однос. Рамномерен чекор. Рамномерни удари. Рамномерно трепкање. Рамномерен развиток. Рамномерно движење.

рамнообразен | прид.

Што има ист, идентичен вид, лик. Рамнообразни форми на жив свет.

рамноправен | прид.

Што има исти права како и другите, што е еднаков, изедначен во правата со другите. Рамноправен граѓанин. Рамноправен противник. Рамноправен член. Рамноправен третман. Рамноправен партнер.

рамноправност | ж.

Еднаквост на правата и на должностите на луѓето; состојба на тој што е рамноправен, на тоа што е рамноправно. Тие се бореа за рамноправност и за слобода. Рамноправност при вработување на мажите и на жените. Полова рамноправност. Борци за рамноправност.

рамносилен | прид.

Што е еднаков, ист по сила. Момчињата се рамносилни.

рамностран | прид.

Што има еднакви страни. Рамностран триаголник.

рамнотежа | ж.

Состојба на еднаквост на силите што дејствуваат врз некое тело кога тоа е во мирување, состојба на телата кога сите сили и брзините на моќта на телото ќе станат рамномерни. Телата се наоѓаат во стабилна рамнотежа. Кога на лостот се постигнува рамнотежа, станува збор за иста тежина.