седумпати | прил.
Повторено седум пати
седумсложен | прид.
Што е од седум слога; Седумсложен збор.
седумстогодишнина | ж.
Годишнина од настан што се случил пред седумстотини години.
седумстогодишница | ж.
седумстотини | бр.
Бројот и количеството 700. Седумстотини километри пат.
седумчасовен | прид.
Што трае седум часа. Седумчасовно работно време.
седумчлен | прид.
Што е од седум члена; Седумчлена екипа.
сее | несв.
Фрла семе со рака или со некаква машина на подготвена почва за сеидба. Селаните ги сееја нивите со пченица и со јачмен. Таа сееше разни семиња од цвеќе во леите во дворот. Утре ќе сееме на горната нива.
сеедно 1 | прил.
Во секое време, постојано. Сеедно си седел на туѓина. Сеедно се расправал со соседите.
сеедно 2 | прил.
Исто, без оглед, безразлично; за искажување незаинтересираност или непристрасност. Сеедно ми е што ќе одбереш. Сеедно дали се бели или црни.