сезнаен | прид.
Што знае сè. Никој не е сезнаен.
сезналец | м.
сезнајко | м.
Тој што знае сè ‒ најчесто иронично. Тој е голем сезнајко. Надуен сезнајко.
сезона | ж.
Едно од четирите годишни времиња. Зимска сезона. Летна сезона.
сезонски се | прид.
Што се однесува на сезона, што е поврзан со определена сезона. Сезонски попуст. Сезонски работник. Сезонска облека. Сезонски грип.
сеидба | ж.
Сеење на посеви. Есенска сеидба. Пролетна сеидба. Се погоди времето за сеидба.
сеидбен | прид.
Што се однесува на сеидба. Сеидбен план.
сеиз | м.
Момок што работи во штала, во коњушница, коњар, коњушар.
сеизедлив | прид.
сеизмичен | прид.