секуларизација | ж.

Претворање на нешто црковно во световно. Секуларизација на училиштата.

секуларизира | св. и несв.

Претвори, претвора нешто црковно во световно (имот, дејност и сл.)

секунда | ж.

Единица за мерење на времето, шеесетти дел од минута.

секундант | м.

Посредник и сведок на еден од учесниците во двобој.

секундарен | прид.

Што зазема второ место во некој ред, второстепен, спореден. Тие својства не се примарни, туку секундарни. Секундарно прашање.

секундарник | м.

Стрелка на часовникот што ги покажува секундите.

секунден | прид.

Што се однесува на секунда. Секундна стрелка. Секундна точност.

секундира | св. и несв.

Се јави, се јавува како сведок при двобој, како секундант.

секцира | св. и несв.

Распори, распорува, расчлени, расчленува труп на човек или животно при обдукција, аутопсија.