секстет | м.
Музичко дело за шест инструменти или за шест гласа.
сексуален | прид.
Што се однесува на секс. Сексуално воспитување. Сексуален однос. Сексуална револуција.
секта | ж.
Религиозна група што се отцепила од својата црква. Верска секта.
сектант | м.
Приврзаник на секта; секташ.
секташ | м.
Лице што ѝ припаѓа на некоја секта. Имаше неколку секташи во партијата.
секташи | несв.
Образува, формира секта, се однесува како секташ.
секташки | прид.
Што се однесува на секташ и секташтво. Секташка група.
секташтво | ср.
Движење на лица што се одделиле од црквата, активност на секта.
сектор | м.
Дел од некое пространство, подрачје. Несреќата се случила во секторот „Б“.
секуларен | прид.
Што се однесува на нештата од овој свет, световен, што не е црковен, граѓански.