секција | ж.

Оддел или пододдел на установа, организација и сл. со определена специјалност; подраздел на конгрес, конференција и сл. Младинска секција. Литературна секција. Конгресот работи по секции.

селам | м.

Муслимански поздрав со значење „мир“. Селам чини на татко ти.

селамет | м.

Помош, поддршка, успех, спас. Си најде селамет.

селанец | м.

Човек што живее на село и се занимава главно со земјоделство. Имотен селанец. Селаните се собраа пред селското училиште. Простодушен селанец.

селански | прид.

Што се однесува, што припаѓа на селанец, на селани. Селанско востание.

селанство | ср.

Дел од населението, општествен слој, што се поврзува со животот на село и што предимно се занимава со земјоделство. Напредно селанство. Работно селанство. Масовно осиромашување на селанството..

селанштина | ж.

Особина на селанец кон зн. 2; простота. Не може да не ја покаже својата селанштина.

селвија | ж.

Јужно вечно зелено дрво; кипарис; чемпрес; Cupressus.

селективен | прид.

Што е заснован врз селекција, што може да врши селекција. Селективна метода. По селективен пат се изделени најдобрите. Селективен упис на факултет.