селектира | св. и несв.

Направи, прави селекција; одбере, одбира, издели, изделува според некоја особина, карактеристика и сл. Работничките го селектираа овошјето според големината.

селектор | м.

Лице што врши селекција, особено во некој спорт. Селектор на фудбалската репрезентација.

селекционира | св. и несв.

селекција | ж.

Одбирање, одбир на нешто според позитивни критериуми (што е најдобар, најдобро). Врши селекција на материјалот за новиот албум. За изложбата се врши строга селекција на автори и дела.

селен | м.

Хемиски елемент, се наоѓа во сулфурните руди, служи за изработка на фотоќелии; Se.

селенит | м.

Во научно-фантастичната литература ‒ жител на Месечината.

Селечка Планина | ж.

Планина во Македонија.

сели | несв.

Пренесува на друго место на живеење; преселува. Тие мебелот го селеа со камиони, а ситните работи ги товареа во колата. Двајца амали го селеа семејството во нова куќа.

селидба | ж.

Промена на местото на живеење или на станот, на куќата, преселување. Селидба од село в град. Селидба во нова куќа.