семеен | прид.
Што има семејство, што не е сам, фамилијарен. Семеен човек.
семен | прид.
Што содржи семе. Семена кесичка. Семена течност.
семенар | м.
Лице што произведува или што продава семе.
семенарница | ж.
Продавница во која се продава семе.
семенарство | ср.
Производство на семе.
семеник | м.
(бот.) Ќесичка во која се наоѓа семето на некое растение.
семенски | прид.
Што се однесува на семе. Семенски материјал.
семенце | ср.
семестар | м.
Полугодие во вишите школи и во високото образование. Летен семестар. Зимски семестар.
семестрален | прид.
Што се однесува на семестар; семестарски. Семестрален лист за заверка на семестар.