семејство | ср.
Основна општествена единица што се состои од лица обединети со брак, крвно сродство или со усвојување и што претставува едно домаќинство; фамилија. Сиромашно семејство. Земјоделско семејство. Многучлено семејство.
семи- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење пола, напола, полу семифинале, семипропустлив, семивалентност.
семилостив | прид.
Епитет на цар или господар, на Господ, на Бог ‒ што покажува голема милост. Семилостив царе. Семилостив Боже.
семинар | м.
Практични вежби за студенти по некој предмет или тема во виша или висока наставна установа. Семинар по македонски јазик.
семинарист | м.
Учесник на семинар. Семинаристите ја посетија Самоиловата тврдина.
семинарија | ж.
Образовна институција за теолошко образование; верско училиште.
семиолог | м.
Специјалист по семиологија.
семиологија | ж.
семиотика | ж.
Општа теорија за знаците, вклучувајќи ги и јазичните, и за симболичките системи, која го истражува односот на знаците спрема означеното, односно условите под кои еден знак може да се однесува на некој објект.
семитски | прид.
Што се однесува на Семитите. Семитски јазици.