сема | ж.
Минимална компонента што го носи значењето на зборот.
семазиологија | ж.
семантем(а) | ж.
Основен елемент што изразува идеја или претстава.
семантика | ж.
Дел од лингвистиката што се занимава со проучување на значењата на зборовите и изразите.
семантичар | м.
Специјалист по семантика.
семантичен се | прид.
семасиологија | ж.
семафор | м.
Сигнален уред за регулирање на сообраќај со помош на светла во боја (црвена, жолта и зелена).
семе | ср.
(биол.) Репродуктивен орган на вишите растенија, обично сместен во заштитна обвивка, зрно, семка, од кој се развива нова билка. Семе на афион. Ленено семе. Остави пченица за семе.
семевод | м.
Дел од сеалката кој служи за подавање на семето.