Сенегал | м.
Држава во Африка.
сенет | м.
Писмена потврда, исправа, документ, гаранција.
сенештар | м.
Мал трговец што продава сенешто.
сенештарница | м.
Дуќан во кој се продава сенешто, во кој има сè.
сенешто | зам.
Многу нешта, различни работи (дејности, случки, поими итн; сешто. Изнакупи сенешто од чаршија. Има таму сенешто.
сенешто | прил.
Постојано, на таков начин. Сенешто подзастанува, се мисли.
сензационален | прид.
Што предизвикува сензација, способен да предизвика сензација. Сензационални вести. Сензационален настап. Сензационална изјава.
сензационализам | м.
Сензационалистички пристап во дејствувањето, во работата, во новинарството, во политиката итн.
сензационалистички | прид.
Што има за цел да предизвика сензација, да предизвика голем интерес или да шокира дури и со искривување на фактите. Сензационалистички пристап во новинарството.
сензација | ж.
Силен впечаток од необичен настан. Прави сензација. Предизвика сензација.