сен 2 | м.
Железен прстен на горниот крај на воденичкото вретено.
Сен Лоренс | м.
Река во Северна Америка.
Сена | ж.
Река во Франција.
сенар | м.
Продавач на сено.
сенарник | ж.
Место, обично оградено, каде што се чува сено
сенароден | прид.
Што му припаѓа на сиот народ, што се однесува на сиот народ; во кој учествува сиот народ; општонароден. Сенароден собир. Сенародна жалост. Сенародно востание.
сенат | м.
(истор.) Во стариот Рим ‒ највисок државен орган.
сенатор | м.
Член на сенат.
сендвич | м.
Две танки парчиња леб премачкани со путер, маст и сл. и со месо, салама и др. меѓу нив. Сендвич со пилешко. Сендвич со кашкавал.
сендвичарница | ж.
Угостителски објект каде што се подготвуваат и продаваат сендвичи.