салдиса | св.
Оддалечи, испрати, упати некого. Го салдисаа во едно мало далечно место.
салдо | ср.
Разликата од износот на приходот и расходот; остаток што останува при затворањето на сметката и се пренесува на следната страна на книговодствената книга. Позитивно салдо. Негативно салдо. Книговодителот пресмета дека салдото е нула.
салеп | м.
(бот.) Лековито растение со корен во вид на грутчиња, гороцвет 2; Orchis morio.
салепчија | м.
Тој што прави или продава салеп. Во чаршијата имаше неколку салепчии.
салинитет | м.
Степен на содржината на сол во морската или во езерската вода, изразен во промили или во проценти; соленост.
салицил | м.
Бел прав што спречува ферментирање и гниење; салицилна киселина. Во туршијата редовно става салицил.
салицилен | прид.
Што се однесува на салицил. Салицилна киселина.
салма | ж.
Старинско оружје во вид на метална топка на синџир или на ремен.
сало | ср.
Масни наслаги кај човекот или кај некои животни. Салото во вратот како да го душеше. Свињата беше целата во сало, па одвај се движеше.
салон | м.
Голема, пространа просторија уредена за примање гости; гостинска соба. Огромен салон исполнет со светлина. Гостите влегоа во салонот.