сено | ср.
Окосена трева што служи за исхрана на добитокот. Копа сено. Пласт сено им фрли на овците.
сенокос | м.
Косење трева за сено.
сенокосач | м.
сенокосен | прид.
Што се однесува на сенокос. Сенокосна акција.
сенокосец | м.
Сент Винсент и Гренадини | м.
Островска држава во Карипското Море.
Сент Лусија | ж.
Островска држава во Карипското Море.
Сент Џорџ | м.
Главен град на Гренада.
сентенција | ж.
Мудра, поучна изрека.
сентимент | м.
Длабоко душевно преживување; чувство, чувственост.