сеница 1 | ж.
Засолниште, место заштитено од сонце покриено со гранки, лисја и сл. Во ливадата направија сеница за децата да спијат.
сеница 2 | ж.
Вид појна птица; Parus.
сеничар | м.
Лице што фаќа птици сеници.
сеничарка | ж.
сеничарник | м.
Стапица за птици сеници.
сениште | ср.
Привидение на мртовец, зол дух. Сеништа и вампири. Му се прикажуваа сеништа во ноќта.
сеништен | прид.
Што се однесува на сениште, што прилега на сениште. Сенишно стебло. Сенишна шума.
сенка | ж.
Место заштитено од зраците на сонцето или од некој друг извор на светлина. Седи на сенка. Пладнуваа под дебелите сенки на буките.
сенкар | м.
Мрзливец, човек што седи под сенка; безработник. На клупите во паркот едно чудо сенкари испоседнале. Ни требаат работници, а не сенкари.
сенлив | прид.
Што прави сенка, што фрла сенка; сенест