сентиментален | прид.
Што може лесно да се расчувствува, претерано чувствителен; емотивен. Сентиментални луѓе.
сенф | м.
Паста од мелени семки од синап и оцет, сол, шеќер и други зачини.
сенце | ср.
сенчест | прид.
Што дава густа сенка, сенлив. Под сенчестиот даб седеа аргати. Сенчести липи.
сенчи | несв.
Во сликарството ‒ прави сенки со повлекување прави линии; затемнување дел од слика, да личи како сенка.
сеодаен | прид.
Што е целосно предаден на нешто или некому. Сеодајна љубов.
сеопфатен | прид.
Што опфаќа сè. Сеопфатна анализа на состојбите. Сеопфатна воена операција.
сеопшт | прид.
Што се однесува на сите, што ги опфаќа сите. Сеопшто избирачко право. Сеопшто востание.
сепак 1 | сврз.
За поврзување реченици меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен; за изразување спротивно од очекуваното, со значење: и покрај тоа што. Таа многу сакаше да учи, сепак не се запиша на факултет.
сепак 2 | чест.
Во различни контексти како одобрување, потврдување за да се искаже олеснителна околност за некого или за нечија постапка. Тоа е сепак дете. Сепак, таа е возрасна. Сепак, тоа се почетоци на една дејност.