сепеткар | м.
Лице што изработува сепетки.
сепија | ж.
(зоол.) Морско мекотелно животно, сипа; Sepia officinalis.
сепне | св.
Направи некој да се стресе, да се штрекне, наеднаш да прекине некое дејство, мисла, намера; ненадејно разбуди некого. Таа мисла го сепна и тој стана од креветот. Таа случка го сепна директорот на училиштето. Смртта на момчето ги сепна сите што имаа некаква врска со случајот.
сепобеден | прид.
Што победува или освојува сè. Сепобедна смеа. Сепобедна упорност.
сеприсутен | прид.
Што е присутен насекаде во исто време. Сеприсутен господар.
сепса | ж.
Општо заразување на организмот; труење на крвта.
септември | м.
Деветтиот месец од календарската година; гроздобер во народниот календар.
септет | м.
Ансамбл од седум изведувачи, свирачи или пејачи.
септина | ж.
Во поезијата ‒ строфа од седум стиха.
септичен | прид.
Што е во врска со сепса, што е заразен со бактерии.