септички | прид.

Сер | и.

серафим | м.

Во христијанската религија ‒ ангел од највисок ранг; со три пара крила.

серајлив | прид.

сербез | прид.

Слободен, смел, самостоен; пркосен. Сербез мома. Сербез жена.

сербезлак | м.

Слободно држење, смелост, пркос.

серва | ж.

Вид игра со топка за двајца или за четворица играчи.

сервер | м.

(спорт.) Во спортот (тенис, одбојка, пинг-понг и сл.) ‒ лице што сервира2, ја внесува топката во игра.

сервилен | прид.

Што се држи понизно пред некого, робовски, што е претерано послушен. Сервилен човек.