сепарат | м.
Одделен отпечаток на статија од списание или книга.
сепаратен | прид.
Што е одделен, засебен.
сепаратизам | ж.
Општествено движење за одвојување на една група од пошироката заедница поради стремеж за приклучување кон друга заедница или за полно осамостојување. Политички сепаратизам.
сепаратист | м.
Приврзаник на сепаратизмот.
сепаратистички | прид.
Што се однесува на сепаратист и на сепарати Сепаратистички акции. Сепаратистички стремежи.
сепаратор | м.
Машина или друга направа за одделување на една материја од друга. Сепаратор на руда. Сепаратор на отпад.
сепарација | ж.
Одделување на една материја од друга.
сепаре | ср.
Посебно изделен дел од просторија или засебна просторија обично во угостителски објект за посебна намена, посебно друштво што сака да биде изделено од другите.
сепарира | св. и несв.
Оддели, одделува едно нешто од друго (руда, предмети, отпад, овошје и др.). Тука го сепарираме пластичниот отпад од органскиот.
сепет | ж.
Кошница, кош, корпа. Една сепетка јајца. Полни сепети овошје