сергиџија | м.

Лице што продава на сергија, што држи сергија. Сергиџиите рано ги поставија сергиите.

сердар | м.

Војвода, заповедник, старешина во Османлиското Царство.

сердарија | ж.

Подрачје на сердар.

сердарство | ср.

Чест и достоинство на сердар.

сере | несв.

Врши празнење на цревата, исфрлање на изметот од телото.

середум | прил.

Секаде со ред. Середум оди и расправа.

сереен | прид.

Серез | м.

Град во Егејска Македонија, Грција.

серенада | ж.

Песна за саканата исполнета обично под нејзиниот прозорец. Момчињата со гитари пееја серенади. Навечер правевме серенади.

сереј | м.

Маснотијата на првото млеко кај жена и кај добитокот.