серејлив | прид.
Што содржи маснотија од првото млеко. Серејливо млеко.
серж | м.
Вид лесна свилена ткаенина, најчесто се употребува како постава на палта, капути и др.
сержант | м.
Звање, чин, а исто така и лице од нижиот команден состав на армијата или полицијата во некои земји.
сериозен | прид.
Што се одликува со разумен однос кон животот; што ја знае добро својата работа, што се одликува со добри намери, што е обмислен во постапките. Сериозни луѓе, домаќини. Најдовме сериозен купувач за автомобилот. Тој е сериозен кандидат за претседател.
сериски | прид.
Што се однесува на серија. Сериско производство.
серија | ж.
Ред еднородни предмети или појави со ист општ признак, со исти или слични особини, низа од дејства што се одвиваат едноподруго. Серија фотографии од матурската вечер. Серија предавања. Му зададе серија удари. Серија земјотреси.
серијал | м.
Низа телевизиски емисии или филмови со исти актери и на иста тематика.
серко | м.
Недостоен, плашлив, неснаодлив, недораснат човек. Бегајте од тука, серковци ниедни!
сермија | ж.
Имот, капитал, богатство, стока, добиток. Наследи многу сермија.
серозен | прид.
Што се однесува на серум, што се состои од серум или е смешан со серум. Серозна течност.