сецесионизам | м.

Стремеж или движење за отцепување, издвојување на една политичка група, национална или државна целина од поширока организација, од политички сојуз или конфедерација.

сецесионист | м.

Приврзаник на сецесионизмот.

сецесионистички | прид.

Што се однесува на сецесионист и сецесиони Сецесионистичка војна.

сецесија | ж.

Одделување, раздружување особено во политички поглед; отцепување, преминување на друга страна.

сеч | м.

сеча.

сеча | ж.

Сечење дрва, место во шума каде што се сечат дрва; сечиште. Сеча на државните шуми.

сечач | м.

Лице што сече дрва.

сече | несв.

Реже сосем или на делови со нешто остро; одделува, прекинува. Жената сечеше крупни дробенки месо. Тој сече дрва. Ги сечеше цигарите со ножици наполу.

сеченица | ж.

Пресечено место.