сечилиште | ср.

Шума што се сече;

сечило | ср.

Остриот дел од нож, секира, меч и сл. со кој се сече. Нож со две сечила. Го удри со сечилото на секирата.

сечиште | ср.

Место во шума, планина каде што се сече дрва. Стигнаа на горното сечиште.

сечиј | зам.

Што припаѓа секому. Сечие и ничие. Телевизијата влезе во сечиј дом.

сечка | несв.

Сече по малку.

сечко | ср.

Народно име за вториот месец во годината, февруари.

сечник | м.

Трупец за сечење дрва.

сешто | зам.

Многу разни работи, секакви нешта, предмети или поими, сè; сенешто. Може сешто да се случи. Изнакупи од пазар сè и сешто. Сешто му се причинуваше.

сештојад | м.

Што јаде сè, што се храни со разновидна храна.

сејад | м.

Инсекти или животни што јадат секаква храна; Omnivora.